(ВИДЕО) Тодоров: Се надевам СДСМ нема да избега од избори

Од:

Никола Тодоров, кој е дел од преговарачкиот тим на ВМРО-ДПМНЕ, по постигнувањето на договорот за ставање на крај на кризата, изјави дека е задоволен од она што е договорено.

ВМРО-ДПМНЕ, рече, цело време сакаше договор.Тој изјави дека министерот за внатрешни работи може да направи 15 вертикални измени во менаџерските структури на МВР и да смени 10 отсто од хоризонталните раководни лица.

Избирачкиот список посочи цело време беше исчистен и бил смислено алиби на СДСМ за да нема избори. Тој информираше дека 171. 000 избирачи ќе бидат ставени на посебен избирачки список и лицата ќе бидат обележани со ѕвездичка, а 39.000 ќе имаат обврска да се пријават во Државната изборна комисија , да се регистрираат и ќе бидат предмет на дополнителна проверка. Ако не се пријават нема да бидат на Избирачкиот список.

„Тоа што го бараше СДСМ го прифативме, но тоа што ќе се види е дека е едно добро смислено алиби за да нема избори во Македонија. Се надевам дека овојпат СДСМ ќе се држи до договорот и нема повторно да бара измени и повторно да избега од избори. Знам дека ќе соберат храброст да се соочат со граѓаните и дека ќе дозволат народот да одлучи кој ќе ја води оваа држава.Задоволен сум затоа што се отвора можност да се организираат фер демократски избори на кој ќе учествуваат сите и на кои народот ќе одлучи на кој ќе ја даде довербата. Народот ќе може да ги поддржи проектите и дела, градби, реформи наместо деструкција уништување и криза. Задоволен сум затоа што со овој договорен се гарантира дека СДСМ ќе биде оневозможена да прави масовни партиски чистки во МВР и дека со завршување на изборите завршува и оваа т.н. „пржинска“ Влада“, изјави Тодоров.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите

Левица: И по четири човечки жртви, власта повторно го отвора коритото на Пчиња за бизнис