Внатрешната контрола ќе го испитува случајот со невестата со пушка вработена во МВР

Од:

Секторот за внатрешна контрола ќе го испитува случајот со секретарката на началникот на униформираната полиција на СВР Битола, за која денеска СДСМ обвини дека пукала со пушка на својата свадба, потврди за „Мета“ портпаролката на битолската полиција, Сања Стаматова.
„ Пред извесно време ја видовме фотографијата и внатрешната контрола го презеде случајот. Тие ќе одлучат што понатаму“, изјави Стаматова.
Потпретседателот на Социјалдемократската младина на Македонија , Дарко Каевски, денеска на прес-конференција објави фотографии од невеста со автоматска пушка, за која тврди дека е нововработената секретарка на началникот на униформираната полиција во СВР Битола, Марија Ристовска-Калешовска, како пука на својата свадба.
„ Ќе беше спорно за која било невеста да се весели на сопствената свадба со пушка. Но, овде уште станува збор за вработена во СВР Битола! Од оваа фотографија може да се види дека Марија Ристовска-Калешковска, по потекло од селото Долно Српци, Битолско, не само што се фотографирала со пушка, туку со помош на татко ѝ, таа на веселбата и рафално пука “, рече Каевски.
Тој посочи дека, според нивните информации, станува збор за формациско оружје на полицијата и на војската, за кое граѓаните не можат да добијат дозвола за поседување и за носење.

Би можело да ве интересира

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он