Ивовиќ МВП на финалниот турнир од Светската лига во одбојка

Од:

Српскиот одбојкар Марко Ивовиќ е прогласен за најкорисен играч (МВП) на завршниот турнир од Светската лига одржан во полскиот град Краков.

Финансиската награда за ова признание е 30 илјади долари.

Покрај наградата за МВП, Ивовиќ ќе добие дополнителни 10 илјади долари затоа што се најде во идеалниот состав на турнирот.

Идеален тим на турнирот: Ивовиќ и Сречко Лисинац (Србија), Жења Гребењиков и Антон Рузие (Франција), Валас Де Соза и Маурисио Соза (Бразил) и Симоне Џанели (Италија).

Србија синоќа во финалето го победи Бразил со 3-0 и за прв пат го освои трофејот во Светската лига.

Би можело да ве интересира

Одбојкарите на Струмица поразени во првиот натпревар во Лигата на шампиони од Олимпијакос

Србија и Хрватска заеднички организатори на Светско првенство

Предраг Петровиќ

Италијанските одбојкарки го освоија златниот медал на Олимписките игри во Париз

Француските одбојкари ја совладаа Полска и го одбранија златниот медал

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

Нов инцидент во Турција: Одбојкарки однесени во болница по нападот на навивачите

Предраг Петровиќ