Уште еден загинат и две тешко повредени деца во сообраќајни несреќи

Од:

Покрај трите жртви од едно кичевско семејство во тешката сообраќајна несреча којашто се случи во саботата попладнето кај Гостивар, на патиштата во земајта се регистриани уште две соорбаќајни и една тракторска несреќа, во која едно лице го загубило животот а две малолетни лица се тешко повредени, известија во неделата од Министерството за внатреши работи.

Во саботата околу 1,30 часот во Полициската саница часот Берово, било пријавено дека во атар на селото Двориште на месноста Кривио габер, бил пронајден починат 44-годишниот В.Р. од истот село. Тој претходниот ден околу 18 часот на спомнатата локација управувајќи трактор „ИМТ 533“ без регистарски ознаки, со приколка натоварена со дрва, од непознати причини изгубил контрола над тракторот и излетал покрај патот, по што паднал и со главата удрил во тврд предмет, по што починал на местото на настанот. Телото на починатиот е предадено на семејството за погреб.

Во саботата околу 11,45 часот на регионалниот пат Р-29471, во селото Подареш кај Радовиш, се случила сообраќајна незгода во која 22 годишниот В.Н. од истото село управувајќи автомобил „форд галакси“ со привремени регистарски ознаки, удрил во велосипед коешто ги управувало осумгодишно дете. Во незгодата детето се здобило со фрактура на череп, крварење од десно уво и повреда на десно белодробно крило, и по укажаната лекарска помош е пренесено и задржано на лекување во Ургентнито центар во Скопје.

Во саботата вечерта околи 22,15 часот во кумановското село Ново Село, на регионален пат Скопје -.Никуштак – Куманово, поточно во близина на местото Икина викендица, се случила сообраќајна незгода во која 16-годишен малолетник од селото Љубодраг кај Куманово, управувајќи „ауди А-4 авант“ со скопски регистарски таблички, сопственост на скопјанец, изгубил контрола над автомобилот при што излетал надвор од патот и се превртел. По незгодата, сопатникот, на 14-годишна возраст, од Горња Радгона во Словенија, Горња Радгона, е пренесен во болницата во Куманово каде што му се констатирани тешки повреди на черепот, опасни по живот и по укажана лекарска помош како итен случај е упатен во Ургентниот центар во Скопје. Увид на местото на настанот е извршен од екипа при СВР Куманово. По предходно добиено овластување на Јавен обвинител од Куманово, од малолетниот возач е земена крв за анализа, и констатирано е присуство на 0,56 промили алкохол во крвта.

Би можело да ве интересира

Кривична за екс директорот на затворот во Струмица: Пуштал да се шетаат затвореници кои немале право на привилегии, манипулирал со документацијата

МВР бара помош од граѓаните: Кој има информација за Марк Јорис веднаш да не алармира

Претрес во Штип, пронајдена дрога

Предраг Петровиќ

МВР уапси двајца крадци кои краделе домашни животни

Пуштиле осуденик на слобода зошто немало место во затвор, кривична за тројца битолски полицајци

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Кузеска: Бројни советници по кабинети, масовна партизација на грбот на граѓаните и во МВР

Горан Наумовски