Путин и Ердоган ја разгледале можноста за средба во август.

Од:

Претседателот на Русија Владимир Путин разговарал денеска телефонски со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, на иницијатива на руската страна при што му изразил сочувство поради многубројните жртви во обидот за извршување воен удар во Турција, соопшти денеска пресслужбата на Кремљ. 

Путин и Ердоган ја разгледале можноста за одржување билатерална средба во август, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков. 

По телефонскиот разговор на двајцата претседатели бил постигнат договор за билатерлна средба во првата недела од август, јави турската телевизија НТВ, повикувајќи се на извор од турското претседателство. 

Не е соопштено местото на планираната средба. 

– Владимир Путин во врска со обидот за насилно соборување од власт на демократски избраните турски власт ноќта на 16 јули го нагласи принципиелниот став на Русија за категорично неприфаќање на антиуставни акции и користење на силите во животот на земјата, наведе Кремљ.
Путин му изразил сочувство на Ердоган поради многубројните жртви меѓу цивилите и припадниците на безбедносните сили, кои се спротивставиле на пучистите, како и желба што е можно побрзо да дојде до обновување на стабиолноста на уставниот поредок на Турција.

Би можело да ве интересира

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

Москва не го признава Меѓународниот кривичен суд, реакција по налогот за апсење на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски

„Шпигел“: Путин се заканува со нови напади

Орбан: Западните земји треба многу сериозно да ја сфатат изјавата на Путин за примената на „орешкин“

Путин: Ја погодивме Украина со нова ракета со среден дострел

Горан Наумовски

Ердоган на самитот на Г20 изјави дека Русија има право да се брани со нуклеарно оружје