Македонските ракометари поразени од Словенија

Од:

Македонската ракометнарепрезентација составена од играчи до 20 години загуби од селекција на Словенија со 20:18, во првиот од двата пријателски натпревари во рамки на подготовките за Европското првенство 2016.

Македонија водеше во најголемиот дел од средбата одиграна вчеравчер во Рогла, сепак домаќините со подобра игра во завршните десетминути направија пресврт и победија.

Предводена од Филип Талески и Филип Арсеновски, Македонија прва дојде во водство. Разликата во текот на првото полувреме постојано се движеше на околу два гола, а впечатлив настап во тоа прво полувреме имаше и голманот Мартин Томовски.

На пауза се замина со 9:7 за Македонија. Словенија рано на почетокот на вториот дел успеа да изедначи, но нашиот состав не дозволи противникот во ниту еден момент да поведе. Се играше генерално гол-за-гол се до самата завршница, во која се влезе со изедначени 18:18. Во последните минути, изостана реализацијата на„црвено-жолтите“ а домаќините тоа го искористија за победа од 20:18.

Најпрецизен во македонскиот состав беше Талески со 8 погодоци, Горан Крстевски додаде 4.
Денеска од 12 часот Македонија и Словенија во Рогла ќе одиграат уште една контролна средба, по што нашата репрезентација ќе ги продолжи подготовките во Умаг во Хрватска, каде ќе работи се до 27 јули, односно до заминувањето за Данска на Европското првенство.
Во Умаг, покрај редовните тренинзи, предвидени се и две пријателски средби со Хрватска на 23 и 24 јули.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ