Дека некои современи семејни автомобили се во состојба по забрзувањето да ги надминат и некогашните суперспортски модели, покажува примерот на новата „Шкода Суперб“.
Понекогаш изгледа неверојатно колку модерните автомобили напредуваат во поглед на перформансите. На пример, „Шкода Суперб“, што е семеен автомобил од средна класа, но и возило што кај нас често пати се користи како пристапен службен автомобил, со најсилниот мотор од 280 кс, се претвора во вистинска спортска машина.
Овој модел е во состојба од 0 до 100 километри на час да забрза за само 5,8 секудни, што го прави постартен од многу класични суперспортски автомобили од минатото, како што се „Ферари 308 ГТБ,„ Лотус Есприт“, „Хонда НСХ„ и „Порше 911 карера“ од 1987година.