„Рено Меган Седан“ подготвува премиера за 2017 година

Од:

По само една генерација, „Рено“ го укина моделот „Флуенсе“ и на лимузинската верзија на моделот „Меган“ и го врати оригиналното име.

Францускиот производител го прошири семејството со четвртата генерација на моделот „Меган“ со варијантата со четири врати. На тој начин седанот на „Рено“ од средната класа повторно ќе се продава под ознаката „Меган Седан“.

Првите фотографии го откриваат дизајнот на надворешноста што претставува мешавина од моделот „Меган Хечбек“ и лимузината „Талисман“, а автомобилот многу потсетува на возилото прикажано кон крајот на 2015 година на рендерите на независниот дизајнер Теофилус Кина.
„Меган Седан“ е поставен на механичката платформа CMF S/D, а „Рено“ тврди дека автомобилот благодарение на опремата што му припаѓа на повисокиот сегмент, обезбедува „подобрена удобност и задоволство при возење“.

Предниот дел на автомобилот со карактеристични светлосни групи, практично е копиран од хечбек и караван верзијата, додека задниот дел потсетува на веќе спомнатиот „Талисман“.
Багажникот располага со 508 литри, а возилото е опремено и со сензорски „hands-free“ системот (Easy Trunk Access) за отворање на багажникот, ако на возачот се зафатени двете раце.

Како и во другите модели од семејството „Меган“, и лимузината во понудата има седуминчен ТФТ екран во боја, место класични аналогни инстументи, додека на врвот на централната конзола има голем 8,7- инчен екран мултимедијален систем (R-INK 2, MULTI-SENSE).

Возачот на располагање има и „head -up“ дисплеј  со цел често да не го врти погледот од патот во текот на возењето, потоа Easy Park Assist системот да им помогне при паркирање, како и широка палета електронски безбедносни ситеми за асистенција, автоматско кочење во случај на опасност од судар (Advanced Emergenxy Braking System) или предупредување за несакано напуштање на сообраќајната лента каде автомобилот се движи.

Во зависност од пазарот, на купувачите ќе биде достапна палета мотори која се состои од вкупно два бензински и три дизел агрегати.

Бензинци се SCe 115, поврзан со петбрзински мануелен или опциски CVT менувач и TCe 130, што е поврзан со седумстепената автоматика со двојно квачило или мануелен менувач со шест брзини.

Дизел понудата се состои од три dCi единици. Најслаба со 90 кс, доаѓа во комбинација со шестбрзински мануелен менувач, додека dCi 110 достапен и со  EDC6 автоматика со двојно квачило. Најсилниот дизелаш, dCi 130 исто така, е поврзан со шестбрзински менуелен менувач.
Како и неговиот претходник „Рено Флуенсе“ и моделот „Меган Седан“ ќе се произведува во фабриката во Бурса, во Турција, а за сега планирана е продажба во повеќе од 20 земји низ светот.

Се очекува официјалната светска премиера „Меган Седан“ да ја има на саемот на автомобили во Париз, во октомври, кога ќе се знаат и повеќе технички детали

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ