Во експлозија на бомба, пред едно исламско училиште во југозападен Пакистан загинаа 15 лица, од кои пет ученици, а 30 се ранети. Седуммината кои биле најтешко повредени, починале синоќа во болница, јавува полицијата.
Шест килограми експлозив бил прикачен на велосипед оставен пред вратата на сунитското верско училиште, а експлозијата била активирана со далечински управувач, за време на вчерашната церемонија на предавање на училишните дипломи.
Петмина од загинатите се ученици, десет наставници, а останатите се роднини на учениците. Засега никој не ја превземал одговорноста за нападот, но градот Кети сместен на границата со Иран и Авганистан е честа мета на насилство меѓу сунитите и шиитите, бунтовниците и исламистите.
Повеќе од 5.000 лица, последниве 5 години во Пакистан имат загинато во бомбашките напади.