Едно лице загина во судар на воз и автомобил кај Демир Капија

Од:

Едно лице загина во судар на патнички воз и автомобил попладнево, меѓу селото Дуброво и Демир Капија.

– Денеска, околу 18 часот меѓу село Дуброво и Демир Капија, на обележан железнички премин, возот бр.634 удрил во патничко моторно возило „Рено Канго“, при што на местото е починато едно машко лице. Увид ќе се врши, а железничкиот сообраќај е во прекин, информира МВР.

Сударот го потврди и директорот на патнички сообраќај при Македонски железници-транспорт Кире Диманоски.

– Судирот бил на патен премин, а засега не можат да се дадат повеќе детали за случајот, рече Диманоски.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина