Јуниорската (до 20 години) ракометна репрезентација на Македонија од вчера се наоѓа на подготовки во Словенија пред настапот на Европското првенство во Данска. Избраниците на селекторот Александар Јовиќ досега тренираа во Скопје и во Маврово.
Во Словенија нашите ракометари ќе одиграат и два контролни дуела со соодвентната селекција на Словенија. Вечерва со почеток во 18:30 часот и утре од 13 часот.
Последната фаза од подготовките јуниорите ќе ја имаат во Умаг, каде исто така ќе бидат одиграни два натпревара со Хрватска. Репрезентацијата за Колдинг, Данска ќе замине на 27 јули, а шампионатот почнува следниот ден.
Македонија е во групата Ц со домаќинот Данска, Норвешка и Холандија, а првиот натпревар го играме против Норвешка. Во второто коло ривал ни е Данска, а во третото Холандија. Двете првопласирани селекции ќе играа за пласман од 1-8 место.