Новиот шеф на британската дипломатија Борис Џонсон денеска порача дека излегувањето на Велика Британија од Европската Унија „не значи напуштање на Европа“.
– Јасно е дека волјата на народот искажана на референдумот мораме да ја преточиме во реалност, но тоа на ниту еден начин не значи напуштање на Европа, рече Џонсон пред Форин офисот.
Џонсон наведе дека постои голема разлика меѓу напуштање на ЕУ и односот со Европа, што, во најмала рака, ќе биде интензивиран.