Еро: Велика Британија именува лажго за шеф на дипломатијата

Од:

Со именувањето на Борис Џонсон за нов шеф на дипломатијата, Велика Британија на таа функција постави еден лажго, иако во овој момент и треба некој доверлив, изјави денеска францускиот минсиетр за надворешни работи Жан-Марк Еро.

– Воопшто не ме загрижува Борис Џонсон, но за време на кампањата тој многупати го лажеше британскиот народ и сега тој е во ќош откако е фатен во лаги, изјави Еро за радио Јуроп-1.
Иако Џонсон нема да биде задолжен за преговори за излез на Велика Британија од ЕУ, Еро овојпат имаше остро предупредување за својот нов британски колега.

– Тој многу пати е фатен во лага. Мене ми е потребен партнер со кој може да преговарам и кој е јасен, кредибилен и доверлив, нагласи Еро.    

По Брегзит Џонсон одби да биде британски премиер, но Тереза Меј вчера го именува за шеф на дипломатијата. 

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство