Светски рекорд: Германец минал 15.200 километри за помалку од седум дена

Од:

Германецот Рајнер Цитлов и неговата екипа, поставија нов светски рекорд, минувајќи го со автомобил патот од крајниот исток на Азија до најзападната точка во Европа за само шест дена, 9 часа и 38 минути.

Маршрутата долга 15.200 километри се возеше од источниот крај на Русија до западна Португалија, а ги водеше низ седум држави: Русија, Белорусија, Полска, Германија, Франција Шпанија и Португалија. Патот во рекордно време го минаа со возилото „Фолксваген Туарег“, што било  опремено со пневматици на „Goodyear“.

Патувањето почнало од градот Магадан, во Русија, а заврши во Лисабон, во Португалија. Патот долг 15.200 километри е совладан за шест дена, 9 часа и 38 минути, со што е соборен досегашниот рекорд што изнесуваше осум дена и 12 часа.

Патувањето, како за екипата, така и за автомобилот, претставувало голем предизвик бидејќи се соочувале со тежок терен и проблематични временски услови, меѓу останатото и со злогласниот, 3.000 километри долг неасфалтиран автопат низ Русија, што е прекриен со кал.

За патот од Магадан до Јакутск, Цитлов ги избрал пневматиците „Goodyear Wrangler All Terrain Adventure“ со кевлар, а за преостанатиот дел од патот до Лисабон својот „ Туарег“ го опремил со пневматиците „Goodyear Wrangler HP All Weather“.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ