Едно лице загинало, друго е повредено откако се превртел трактор во велешко Раштани

Од:

Во Полициската станица во Велес вчера во 08,30 часот од страна на ИМП пријавено е дека кај селската чешма во велешкото село Раштани дошло до несреќен случај во кој се превртел трактор „ИМТ 539“ со велешки регистарски ознаки.

МВР денеска соопшти дека при несреќата на местото на настанот од здобиените повреди починала А.Ѓ.(1952) од Велес, а нејзиниот сопруг С.Ѓ.(1952) се здобил со телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршиле екипа од СВР-Велес и Јавното обвинителство по чија наредба телото на починатата ќе биде дадено на обдукција.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина