Запленети 22 златника на аеродромот во Скопје

Од:

При контрола на патник на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје,  мобилен царински тим вчера открил 22 златника со вредност од околу 12 илјади долари.

Како што соопшти Царинската управа на РМ, вчера околу 17:00 часот на аеродромот во Скопје, за влез во Македонија со лет од Рим се пријавило лице со иницијали Н.Р., македонски државјанин од Кичево. И покрај тоа што лицето се упатило кон зелен канал каде одат патници кои немаат ништо за пријавување, селектирано е за  царинска контрола. 

– При контрола на личниот багаж, во патна торба помеѓу личните предмети завиткани во хартиена кеса, царинските инспектори од Одделението за оперативни работи  пронајдоа 22 златници со вкупна тежина од 307 грама. Вкупната вредност на златниците според пронајдената фактура изнесува 11.645 американски долари или околу 647.578 денари, стои во соопштението.
Непријавените златници се привремено задржани, а против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина