Во 10 сообраќајки вчера во Скопје, осум лица повредени

Од:

Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје изврши увид на 10 сообраќајни несреќи, од кои четири се со материјална штета и пет се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле седум лица.

Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобило едно лице.

Во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број прекршоци. Санкционирани се 16 возачи кои со возилото се движеле со брзина поголема од дозволената, пет нерегистрирани возила, четири лица без возачка дозвола и 34 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило пајак, во текот вчерашниот ден отстранети се 67 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина