(ВИДЕО) Tевдовски: Минималната плата ќе ја покачиме на најмалку 200 евра и ќе важи за сите

Од:

Платите на многу работници во Македонија не ги покриваат ни неопходните трошоци за живот. Тоа е посебно забележливо овде во Штип. И веднаш да кажам – ние тоа ќе го промениме.

Недозволиво е работничките и работниците во текстилната индустрија да работат по цел ден за екстремно ниски плати.
Сегашната утврдена минимална нето плата изнесува 10.080 денари, а 9.000 денари за текстилната и кожената индустрија, што е далеку од доволно за задоволување на животните трошоци.

Ние ќе определиме минималната нето плата да изнесува 12.000 денари во 2017 година и да важи и за текстилната и кожената индустрија.

За да нема отпуштања вработени, ќе се обезбеди Фонд за поддршка на животниот стандард за вработените во текстилната и кожената индустрија, којшто ќе покрие значаен дел од покачувањето на платата.

Контролата за исплата на минималната плата, покрај Инспекторатот за труд, ќе ја врши и Управата за јавни приходи.
Во следните години, висината на минималната плата ќе се прилагодува на порастот на просечната плата и трошоците на животот. Нашата цел е во 2019 година минималната плата да изнесува 15.000 денари, што ќе значи дека семејство со двајца работници ќе може да ги покрие најнеопходните трошошоци за живот.

СДСМ ќе ги заштити работниците во Македонија и ќе им обезбеди достоинствен живот.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Нема да има зголемување на платите на функционерите

(ВИДЕО) Митева: Платите во образованието до 2028 година ќе пораснат минимум 46 отсто

Горан Наумовски

Филипче: Само 5% покачување плати за наставниците е обид да се намали гневот

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците

Штрајкуваат вработените во МАНУ, бараат повисоки плати

Горан Наумовски

ССМ: Борбата за раст на платите не е политичка