Против „јазлеста кожа“ вакцинирани 160.000 говеда

Од:

Околу 160.000 говеда или приближно 60 отсто од вкупниот број грла, 250.000, се вакцинирани досега против „јазлеста кожа“, изјави денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Зоран Поповски по посетата на Штип.

Процесот се одвива успешно и без никакви проблеми на теренот, а треба да заврши до крајот на месецов.

– Болеста стагнира, односно се стопира со вакцинацијата која досега опфати околу 155.000 до 160.000 грла или 60 отсто од вкупната популација говеда. До крајот на овој месец треба да се изврши целосна вакцинација на сите грла на добиток, рече Поповски.

Според него, некои сточари, поради бизнис интереси или под влијание на членови на опозицијата, не ги даваа своите говеда заразени со „јазлеста кожа“, поради што болеста се рашири низ источниот и северниот дел на земјата.

– Луѓето не ги даваа на време животните па болеста, наместо да се стопира, се прошири скоро кај сите. Има примери каде луѓето не ги пријавуваа заболените животни на време плашејќи се дека ќе бидат одземени, беа манипулирани, навремено не ги пријавија. Во тој момент ќе одземевме само едно или две грла за разлика од сега, кога треба да ги одземеме сите 30 или 40 од едно стадо. Тоа е голема штета што им е направена на одредени сточари, а не ги послушаа нашите препораки за навремено да реагираме со цел да ги заштитат останатите животни, истакна Поповски.

Директорот на АХВ потенцира дека досега се одземени и нештетно отсранети околу 2.100 говеда. Оваа бројка, додаде, може да биде поголема иако болеста стагнира, токму поради нејзиното ненавремено пријавување. вдј/мч/13:56

Би можело да ве интересира

Од утре вакцинација против „јазлеста кожа“

Наум Локоски

Уште 192 илјади евра за вакцини против јазлеста кожа од ЕК

Наум Локоски

Николовски помеѓу сточарите од Кочанско: Веднаш да се исплатат парите за штетите од „Јазлеста кожа“

Николовски: Сточарите се оставени без помош, вистината за јазлеста кожа се крие и од Светската организација

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николовски: Мора да има одговорност за пропустите и сериозните последици од болеста “Јазлеста кожа”

Предраг Петровиќ