Николовски: Сточарите се оставени без помош, вистината за јазлеста кожа се крие и од Светската организација

Од:

Болеста „Јазлеста кожа“ се уште коси, се шири и предизвикува огромни штети на сточарите, месната и млечната индустрија.

Неодговорноста, несериозноста и нестручноста на првите луѓе во Министерството и АХВ згрозува и шокира.

Се уште на ниту еден сточар не му се исплатени пари за одземените и убиени животни.

Не може да има пари за споменици и нови барокни фасади а да нема да сточарите!

Исплата на штетите за сточарите мора да започне веднаш, рече на прес конференција Љупчо Николовски, член на Извршниот одбор на СДСМ.

-Одговорните во АХВ не само што се тотално неорганизирани, не само што кријат информации од јавноста за последиците од болеста „Јазлеста кожа“, туку тоа го крие и од меѓународните институции.

Од официјалната веб страница на Светската организација за здравстена заштита на животните, АХВ последен пат до оваа меѓународна организација доставила извештај за состојбата со болеста на 19.05.2016 година. Пред речиси два месеци.

Дополнително, во доставените извештаи не се наведени сите региони во државата каде е потврдена болеста и за што постои формално решение.

Оваа е Решението за прогласување на постоење на болеста од 18.05.2016.

Доколку се спореди со извештаите доставени до Светската организација за здравстена заштита на животните се гледа скандалот, меѓународната институција не добивала информации за повеќе региони како што е Македонска Каменица и Кратово.

Уште поскандалозно е тоа што од тој датум па се до денес нема никаквов извештај. Токму во период во кој болеста зафаќа нови жаришта, региони и општини во државата.

Овој неодговорен однос, заедно со три месечното доцнење на вакцината, неисплатената оштета за убиениот добиток, погрешно пропишаните мерки, пропустите и грешките се потврда на нестручниот и несериозен пристап на владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Со ребалансот на буџетот криминалната власт на ВМРО-ДПМНЕ ги скрати 15 милиони евра за земјоделците, пари за субвенции.

Катастрофалните политики на ВМРО-ДПМНЕ и нестручноста ќе го преполови бројот на говедата во земјата, ќе ги банкротира сточарите и ќе ја сруши млечната и месна индустрија.

Особено ако се има превид фактот што за четири години, од 2011 до 2015 година, пред појавата на болеста, бројот на говеда е намален за 18 илјади, бројот на свињите за 26 илјади а бројот на овците за над 38.000.
За неспособноста и неодговорноста на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ одговорност мора да има.

Министерот Цветков и директорот на АХВ Поповски мораа да заминат што побргу од овие позиции, во интерес на сточарите, земјоделците, граѓаните и односите на Македонија со меѓународните институции, рече Николовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Николовски: Над 210 милиони евра на располагање за инвестиции преку ИПАРД 3 во следните четири години

(ВИДЕО) Министерот Николовски заедно со земјоделците од Свети Николе денес ги потпишаа првите договори за продолжување на закупот на земјоделско земјиште

Николовски: Земјоделците од Кочанско рекордери во искористувањето на ИПАРД поддршката, утре ќе биде објавен новиот повик за мерката 3

Николовски од Берово: Продолжуваме со поддршката на жените земјоделки

Горан Наумовски

Николовски: Досега 838 млади земјоделци успешно ја реализирале поддршката со мерките на МЗШВ

(ВИДЕО) Николовски: Со реализирани 63,1 милиони евра за над 2.100 реализирани инвестиции успешно ја заокружуваме ИПАРД 2 програмата

Горан Наумовски