Шефот на стручниот штаб на Динамо, Златко Крањчар имаше причина да биде задоволен по победата против Динамо Вардар (2:1) синоќа во Скопје во натпревар од второто квалификациско коло за фудбалската Лига на шампионите.
– Го постигнавме тоа по што дојдовме во Скопје. Имаме одличен резултат и победа пред реваншот. Многу добро, влеговме во натпреварот, наметнавме ритам, а Вардар покажа дека знае да се закани во контра. Ја одигравме својата игра, и заслужено на полувреме водевме со два гола разлика. Во вториот дел се играше отворено. Мислам дека можевме да го решиме натпреварот уште со некој гол, иако и они имаа статива и пречка. Сумарно сметам бевме подобри и заслужено победивме, изјави тренерот на загрепчаните.
– Знаевме дека Вардар е многу добар тим, но им недостасува искуство кое го има Динамо. Честитки за двата тима. Среќни се враќаме во Загреб да се подготвуваме за почетокот на новата сезона и за реваншот со Вардар, додаде Крањчар.
Тој најава претпазливост на возвратниот дуел со македонскиот првак.
– Имаме голема предност и ние сме свесни за тоа, но ние исто така мора да бидеме внимателни и не смееме да му дозволиме на Вардар да не изненади. Сепак, јас сум убеден дека нашиот квалитет и искуство ќе бидат доволни да одиме понатаму, нагласи хрватскиот стратег.