Истражување: Франкфурт ќе искористи најмногу од Брекзит

Од:

Деловниот сектор очекува Франкфурт да преземе најголем дел од финансиските бизниси и активности на компаниите кои што се селат од Лондон по референдумот за напуштање на Велика Британија од ЕУ.

Според студијата на консултатнската фирма „Ернст и Јанг“ 72 отсто од испитаниците веруваат дека Франкфурт има предност пред Даблин, Париз и Амстердам да стане домаќин на бизнисите за недвижнини кои што се подготуваат да заминат од Лондон.

Интерес од напуштањето на дел од бизнисите од Лондон ќе има целиот германски пазар, при што 57 проценти од испитанците сметаат дека како последица на трансферот на компании може да порасне цената на комерцијални и резиденцијални имоти во Германија, пренесува дописникот на МИА од Берлин.

„Се чини дека меѓународните инвеститори кои што веќе не сакаат да инвестираат во Лондон ќе се фокусираат на герамнскиот пазар на недвижнини“, вели експертот на „Ернст и Јанг“ Кристиан Шулц Вулков во соопштение за јавноста на компанијата.

Во недостиг на прецизни информации каков трговски договор ќе постигнат ЕУ и Велика Британија по „Брексит“ дел од меѓународните инвеститори веќе најавија дека Франкфурт како централно позициониран европски град би можел да биде замена за Лондон како главен континентален и глобален финансиски центар.

Би можело да ве интересира

Барние: Британија отфрла секакво одложување на Брегзит

Ана Ололовска

Почнува клучната фаза од преговорите за Брегзит

Ана Ололовска

Зајберт: Меркел и Џонсон набрзо ќе разговараат за Брегзит

А1он

Шкотска е подготвена да поддржи секого кој е против Брегзит

А1он

Нема судење за Џонсон поради „лажењето за Брегзит“

А1он

Хамонд: Брегзит-от без договор ќе биде спречен

А1он