Во Сребреница се погребани 127 жртви од геноцидот во 1995 година

Од:

Илјадници босански муслимани оддадоа почит на 127 жртви од геноцидот во Сребреница во 1995 година, кои беа погребани денеска во одделни гробови. 

На церемонијата не присуствуваа српски претставници, освен лидерот на Либерално-демокртската партија Чедомир Јовановиќ, јави Танјуг. 

Официјалните претставници на Србија и Република Српска не го признаваат геноцидот во Сребреница, пренесува БТА. Преживеаните и семејствата на жртвите објавија дека присуството на српските претставници е непожелно бидејќи тие не признаваат дека во Сребреница е извршен геноцид. 

Секоја година на 11 јуни во Меморијалниот центар Поточари, близу до Сребреница, се погребуваат нови индетификувани останки на жртвите од масакрот во Сребреница. 

За геноцидот во Сребреница беа обвинети лидерите на босанските Срби, Радован Караџиќ и Ратко Младиќ. 
Караџиќ беше осуден во март годинава на 40 години затвор, а судењето на Младиќ се уште не е завршено.  

Би можело да ве интересира

Резолуција за геноцид повторно „затропа“ на црногорската врата

Предраг Петровиќ

Адвокатката на Северина: Ја испрашувале за Сребреница, не го продолжила патувањето затоа што не се чувствувала безбедно

ЕУ: Нема место меѓу нас за оние кои го негираат геноцидот во Сребреница

Горан Наумовски

Битка за Сребреница: Милош Вучиќ ќе биде кандидат на просрпските партии за градоначалник

Предраг Петровиќ

Хрватска по одлуката на Црна Гора: Ја обезвреднувате Резолуцијата за геноцидот во Сребреница

Парламентот на Црна Гора усвои Резолуција за геноцид во Јасеновац, Дахау и Матхаузен

Предраг Петровиќ