Тројца загинати во судар на автобус со товарен воз

Од:

Најмалку тројца француски државјави загинаа во источниот дел на Доминиканската Република, кога автобусот во кој што се возеле се судрил со товарен воз. Во несреќата се повредени 15 патници, а се случила на околу 160 километри источно од главниот град Санта Доминго.

Автобусот со 30 француски туристи и двајца локални водачи, удрил во возот кој пренесувал шеќерна репа, пренесуваат агенциите. Загинатите се двајца мажи и една жена, а се претпоставува дека патувале кон познатото одмаралиште Пунта Кана. Сеуште се испитуваат причините за несреќата.

Би можело да ве интересира

Во прекин сообраќајот на патот Радовиш-Штип поради сообраќајка

А1он

Судар меѓу воз и автобус, многу повредени

Предраг Петровиќ

Му откажале кочниците на „мерцедес“ и удрил во објект на Царинската управа

Од пат излета „астра“ во Македонска Каменица, четири момчиња се повредени

27-годишен маж со мотоцикл удрил во возило, па завршил во болница

Возач загина на стариот пат Ѓавато-Тополчани