Три лица повредени во сообраќајката кај Неготино

Од:

Три лица се повредени во сообраќајната несреќа која денеска околу 11 часот се случи на автопатот А1 Неготино – Демир Капија, во месноста Острово, близу Неготино.

Како што информираат од МВР, две лица бсе тешко повредени и се пренесени во болницата во Велес па препратени на клиниките во Скопје, а едно има повреди и е однесено во Здравствениот дом во Неготино, по што е пуштено на домашно лекување.

– Возилото со странски регистарски ознаки удрило во еластичната ограда на автопатот, по што излетало од коловозот. Со повреди се здобиле три лица од кои едното со тешки телесни фрактури, но не во животно загрозувачка состојба, соопштуваат од МВР.

Началникот на Службата за итна медицинска помош од Неготино Ратко Грков кажа дека една девојка која кај нив била донесена по сообраќајката, се здобила со набиеници и длабоки посекотини кои биле санирани.

Грков нагласува дека две возила на итната медицинска помош веднаш по повикот пристигнале на лице место во најкус можен рок. Тој потсетува дека од пред некој ден на автопатот кон Грција деноноќно има дежурна медицинска екипа со возило, се со цел најбрзо што може да се одговори во случаи на евентуални сообраќајни несреќи. Со одлука на Министерството за здравство, смените наизменично ги држат медицински екипи од 7 општини.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина