Гостиварец криел марихуана во бањата

Од:

Полицијата при претрес на домот на гостиварецот А.Џ. синоќа открила поголема количина марихуана. Сопственикот за време на претресот не бил дома и по него се трага, информираат од СВР Тетово.

Според портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски, полициски службеници синоќа од 20 до 21 часот, со судска наредба извршиле претрес во домот и помошни простории на А.Џ. (44) на улицата „18 Ноември“.

При претресот на двокатната куќа, во бањата на првиот кат до кадата, пронајдени се осум најлонски пакувања со непозната зелена тревлива материја, најверојатно марихуана, ставени во картонска кутија, со вкупна тежина од околу десет килограми.

– Пронајденото е фотодокументирано и со потврда одземено од неговата сопруга, која присуствувала на претресот, по што е испратено на вештачење, вели Јосифоски.

Би можело да ве интересира

Акција во Прилеп: Полицијата уапси дилер на марихуана

Двајца осомничени признале вина за шверцот на пет тони марихуана од Македонија во Србија

Нови седум осомничени за транспортот на марихуана од Македонија во Србија

А1он

ВИДЕО: МВР објави снимка од марихуаната која од Македонија тргнала за Турција ,а беше запленета во Солун

По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана

Откриена е криминална група за трговија со дрога, запленети околу 300 килограми марихуана