Со симболично засадување на неколку садници на локацијата Мршевски Рид, претставниците на Дипломатскиот кор во Република Македонија, Министерот за надворешни работи Никола Поповски, Градоначалникот на Општина Илинден Жика Стојановски и Oдборот на организацијата на граѓаните „Ден на дрвото – засади ја својата иднина “ ја почнаа есенската акција за пошумување.
Реализацијата на оваа акција за пошумување е од огромно значење за зачувувањето и унапредување на животната средина, па токму затоа уште од самиот почеток Општина Илинден е активно вклучена во досегашнитe девет акции.
Во изминатите пет години во акциите за пошумување на локации на територијата на Oпштина Илинден засадени се над 1.250.000 садници, на површина од 590 хектари.
За годинешната акција што ќе се одржи во среда, на 21 ноември, под мотото „Спортски е да се сади“ предвидено е на територијата на Општина Илинден на површина од 11 хектари да се засадат 22.000 садници.