Македонски државјани осомничени за учество во терористичка организација, четворица приведени

Од:

Против седум македонски државјани на возраст од 23 до 38 години е поднесена кривична пријава поради основано сомнение дека сториле кривично дело „учество во терористичка организација“.

Четворица од нив се приведени и изведени пред истражен судија и за нив е доставен предлог за определување мерка притвор во траење од 30 дена. Едно од лицата е во бегство, а за останатите двајца постојат оперативни сознанија дека се уште се наоѓаат на територија на Сирија.

Меѓу осомничените пет се од Скопје, еден е од Тетово и едно лице е од Куманово.

Фатени се Б.Г. (23), Ф.И.(31), Е.У. (36) и М.М. (38), додека Б.С. (32) е во бегство, а за С.Р. (26) од Скопје и С.И (27) од Куманово се смета дека се во Сирија.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Дејана Недељковиќ денеска на прес-конференција информира дека акцијата на полицијата траела до рано утринава при што се извршени претреси на седум локации во Скопје и во Тетово и пронајдени се пет десктоп компјутери, два лаптоп компјутери, 19 мобилни телефони, девет СИМ картички, држач за СИМ картици, девет УСБ стикови, 50 ЦД, мемориски картици, заштитна маска, три патни исправи, маица со натпис на арапски јазик „Исламска држава е вечна“.

– Досега немаме оперативни сознанија дека овие лица подготвувале териристички напади на територијата на Република Македонија, но со оглед на нивната воено-терористичка обука што ја имале во војските во кои се бореле, секако дека претставувале закана за Македонија и за земјите од регионот, истакна Недељковиќ.

Лицата, како што појасни Недељковиќ, се вратени во Македонија од поодамна и подолг период се следени од страна на полицијата.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина