Роналдо: Франција е фаворит, но и ние бевме во 2004

Од:

Најдобриот португалски фудбалер Кристијано Роналдо, се откажа од улогата на фаворит против Франција во финалето на Европското првенство, но цврсто верува дека неговиот тим утре може да дојде до победата.

-Игравме добро во полуфиналето против одличен состав каков што е Велс. Останува дуелот со Франција, тие се фаворити, но и ние бевме во 2004, но не победивме. Верувам дека можеме да го освоиме трофејот, рече Роналдо.

Тој ќе има уште една шанса да игра во завршница на континенталното натпреварување. Првата не ја искористи пред 12 години, бидејќи Португалија на свој терен загуби од Грција со 1:0.

– Имам желба да освојам трофеј со репрезентацијата, бидејќи на клупско и на индивидуално ниво освоив се.Цела земја верува дека можеме да станеме шампиони и се надевам дека сонот ќе ни се оствари, изјави Роналдо.

Финалето на ЕУРО 2016 меѓу домаќинот Франција и Португалија ќе се одигра утревечер со почеток во 21 часот.

Би можело да ве интересира

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

(ВИДЕО) Миовски погоди за нов триумф без примен гол и историски резултат на Македонија во Лигата на нации

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ВИДЕО: Тренер во Италија полуде поради потег на фудбалер, го нападна на теренот

Предраг Петровиќ

Новинар поднесе оставка поради Винисиус, сосема го заборавил кога гласал за Златната топка

Предраг Петровиќ

Мбапе повеќе не сака да игра за Франција додека Дешамп е селектор

Предраг Петровиќ