Идеално одат со кафе или чај, а можат да бидат идеални за појадок …
Потребно е:
3 поголеми јајца
100 гр шеќер
130 гр растопен и изладен путер
70 гр пире од јаболки
60 мл млеко
изрендана кора од 1 лимон
1 ванилин шеќер
боровинки
200 гр брашно
1 прашок за пециво
Подготовка:
– Помешајте ги брашното и прашокот за пециво. Во друг сад помешајте ги пирето од јаболки со растопениот и изладан путер.
– Изматете ги јајцата и полека додавајте го шеќерот со постојано матење. Полека додадете го и пирето од јаболки со путерот. Додадете го и млекото и уште малку изматете.
– На крај додадете го брашното со прашокот за пециво во него и полека измешајте со дрвена лажица. Сместа оставете ја да стои во фрижидер преку ноќ или барем најмалку 1 час. Треба да биде густа и цврста.
– Калапот со отворите за колачиња премачкајте го со растопен путер. Во секој отвор сипете по една лажица од горната смеса и во средината втиснете по 2-3 боровинки.
– Ставете да се печат во загреана рерна на 190 целзиусови степени околу 5 минути. исклучете ја рерната на 1 минута и повторно вклучете ја на 160 степени и повторно печете ги 5 минути.
– Извадете ги од рерната, оставете ги неколку минути да се изладат и извадете ги од калапот. Пред да ги послужите посипете ги со шеќер во прав.