Компанијата Ферари оваа година слави 70-ти роденден, а по тој повод ќе произведе 350 специјални верзии на своите модели од кои секоја ќе биде уникат. Според пишувањето на магазинот Аутокар, компанијата оваа информација ја соопштила пред 100 сопственици и колекционери на нејзините автомобили во Венеција во Италија во текот на настанот Ferrari Cacalcade.
Специјалните верзии ќе се темелат на актуелната понуда на Ферари, што значи дека ќе се произведат по 70 модели California T, 488 GTB, 488 Spider, GTC4 Lusso и F12 Berlinetta. За да биде уникатен секој автомобил, на Ферари ќе му помогне секторот Tailor-Made кој се бави со посебни порачки на автомобили.
Најтешка работа за компанијата ќе биде да одбере сопственик и колекционер кој ќе добие прилика да купи автомобил. Според зборовите на шефот на Ферари, Сергеј Маркионе, тоа е најтежок дел од неговата работа.
Ферари уникатните модели ќе ги претстави на Саемот за автомобили во Париз во октомври.