КХВ и одобри обврзници на Стопанска банкa

Од:

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на 95-тата седница што се одржа денеска на 08.07.2016 година, а со која претседаваше Претседателот на КХВ М-р Елизабета Чингаровска го одобри барањето на “Стопанска банка” АД Битола за издавање на прва емисија на корпоративни обврзници по пат на јавна понуда.

Станува збор за 5.000.000 долгорочни должнички хартии од вредност со поединечна минимална продажна цена од 1 евро во денарска противвредност на денот на уплатата. Обврзницата што се издава е долгорочна со каматен принос, неограничено пренослива, во нематеријален облик и гласи на име.

Вредноста на емисијата на обврзниците кои се предмет на јавната понуда е 5.000.000 евра и претставува 26,30% од основната главнина на “Стопанска банка” АД Битола.

Обврзниците ќе бидат јавно понудени преку Берза, согласно моделот на одредување на минимална цена, при што приоритет ќе се дава на налози со повисока цена , поголема количина и порано време на внес на налогот.

Емисијата на обврзници е заради зајакнување на капиталот и вкупниот финансиски потенцијал на банката со што “Стопанска банка” АД Битола планира да ги оствари бизнис целите утврдени со деловната политика за следниот четиригодишен период.

Би можело да ве интересира

Склучен нов Меморандум за соработка меѓу Народната банка и Комисијата за хартии од вредност

Ана Ололовска

КХВ предупредува: Finance Group One нема дозвола да нуди услуги за инвестирање

Ана Ололовска

Заради измамнички и манипулативни дејствија, КХВ трајно му ја одзема дозволата на Друштвото за инвестиционо советување Ј.К. Морган и Велтх Менаџмент

Жарко Настоски

КХВ и наложи на Македонската берза привремено да го прекине тргувањето со акциите од ЗК Пелагонија

Македонски средношколци ќе учат за пазарот на хартии од вредност

Ана Ололовска

КХВ на заедничка маса со берзанската индустрија

Ана Ололовска