Најмалку 24 ранети при три експлозии во воз на Тајван

Од:

Најмалку 24 лица се ранети денеска при три експлозии во вагон на патнички воз во тајванскиот главен град Тајпеј, јави сингапурскиот весник „Стрејтс Тајмс“.

Возот патувал на релација од градот Хсинчу во северозападниот дел на Тајван, до североисточното пристаниште Килунг. Експлозиите се случиле додека возот се наоѓал на тајпејската железничка станица „Сонгшан“.

Според очевидци на настанот, прво се слушнале три експлозии во еден од вагоните, по што избувнал пожар, кој набрзо бил изгаснат.

Причините за експлозиите засега не се познати, но според полицијата, првичните наоди на истрагата не укажуваат дека станува збео за терористички напад.

Сепак, локалните медиуми јавуваат дека некои од патниците забележале маж кој непосредно пред експлозиите минал низ вагонот и во него оставил чанта.

Според полициски извори, на едно од седиштата во вагонот бил пронајден „црн предмет со должина од 20 сантиметри, кој наликувал на ракета за огномет“, но засега не е позанто дали тој предмет е поврзан со експлозиите.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди Тајван

Тајван: Ако Кина сака наша територија, треба да побара и земја од Русија

Кина воведе санкции за шест американски компании за продажба на оружје на Тајван

Кина воено ја тестира својата способност да го окупира Тајван

Кина започна воени вежби во околината на Тајван

Горан Наумовски

Новиот претседател на Тајван и порача на Кина: Престанете да ни се заканувате