Петмина работници загинаа при уривање на потпорен ѕид во Британија

Од:

 Пет лица загинаа денеска кога висок бетонски потпорен ѕид се урна врз група работници во британскиот град Бирмингем.

Несреќата се случи во дворот на локална компанија за рециклирање на метал и метални производи.

Во соопштемнието на полицијата се вели дека веднаш била покрената широка операција за спасување на настраданите работници, но спасувачките екипи можеле само да констатираат дека сите петмина загинале.
Шестиот работник кој бил со групата, успеал да се извлече од под урнатините, со скршеници на двете нозе.

Отворена е истрага за инцидентот, но засега се знае дека групата од шест работици работела крај ѕидот висок пет метри, што бил потпрен со метални шипки, кога тешката бетонска конструкција се урнала врз нив.

Компанијата за рециклирање метал во Бирмингем постои повеќе од 40 години. Нејзнините вработени годишно рециклираат повеќе од 500 илјади тони метал.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство