Уште еден модел на „Тесла Моторс“ со авто-пилот направи судар во САД

Од:

Откако возачот на „Модел С“ загина на автопат во Флорида додека беше активиран авто-пилотот во возилото, во Пенсилванија се случи уште еден судар на автомобил на „Тесла“, што, како што се наведува, исто така, бил во самовозачки режим.

Овој пат станува збор за друг модел, кросоверот „Тесла Х“, а во инцидентот, за среќа, никој смртно не настрада.

Како што пишува „Детроит фри прес“, сударот се случил минатата недела, а спомнатиот „Модел Х“ во моментот на несреќата бил во авто-пилот режим и се движел на автопатот источно од Питсбург.
Коросоверот прво удрил во заштитната ограда, а потоа пресекол неколку сообраќајни ленти, пред да удри во бетонската бариера што ги дели коловозните ленти на двата спротивни смера, по што возилото се превртело.

Во „Моделот Х“ се наоѓале двајца патници, кои го преживеале сударот.

Возачот, Алберт Скаглион, на полицијата при увидот и изјавил дека во моментот на сударот бил активиран авто-пилотот. Сепак, во пенсилваниската државна полиција наведуваат дека за предизвикување несреќа најверојатно ќе се обвини возачот.

„Тесла Моторс“ засега не се огласува по овој повод, а на компанијата не треба да и биде проблем да утврди дали авто-пилотот бил вклучен или не, со оглед на тоа дека има информации за секоја активност на овој систем на своите модели кои се наоѓаат во сообраќајот.

Да потсетиме, Џошуа Браун (40), загина на автопат во Флорида кога со својот електричен „Модел С“ се заби во приколка на шлепер. Несреќата се случила на 7 мај, но информациите за овој судар стигнаа во јавноста дури кон крајот на јуни, кога „Тесла Моторс“ го даде официјалното соопштение. 

Компанијата потврди дека возилото било во самовозачки режим, а според зборовите на сведоците кои први стигнале до повредениот, тој во моментот на сударот гледал филм. 

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ