Брејвик се допишува со германски неонацисти

Од:

Норвешкиот терорист Андерс Брејвик се допишува со германски неонацисти на кои им нуди поддршка во напорите за, како што тврди „прочистување на Европа“.

Тој и напишал писмо на Беате Чепе, германска екстремистка која е обвинета за учество во серија убиства на германски граѓани со турско и грчко потекло, како и за напади врз германската полиција.

Во писмото кое го објави „Шпигл“ Брејвик и порачува на Чепе дека и двајцата се маченици на „конзервативната револуција“ и ја убедува дека нејзините дела се славени од десетици илјади културни конзервативци во северна Европа.

Тој ја повикува екстремистката да го искористи претстојното судење за да ги изложи своите праведни гледишта, исто како што направил и самиот за време на процесот во кој беше осуден на 21 година затвор поради убиството на 77 луѓе.

Би можело да ве интересира

Масовниот убиец Брејвик не е ментално болен, тврдат норвешките психолози и психијатри

Норвешка: Воз излета од шините, најмалку едно лице загина

Шок во кралското семејство: Синот на принцезата призна дека физички ја нападнал девојката

Предраг Петровиќ

Синот на норвешката принцеза заврши во притвор: Нападна жена, таа доби потрес на мозокот

Предраг Петровиќ

Шпанија, Ирска и Норвешка денеска официјално ќе ја признаат Палестина

Норвешка ги заостри ограничувањата за влез на руските граѓани