Прво патување околу светот со електричен мотоцикл

Од:

Екипата „Storm Eindhoven“ го разви првиот електричен мотоцикл на светот прилагоден за долго  возење, со кого има намера да реализира проектот „пат околу светот за 80 дена“ и со тоа да ги покаже новите можности на одржливиот транспорт.

Група студенти од Универзитетот за технологија во холандски Ајндховен го разви електричниот мотоцикл „Storm Pulse“, со краен дострел од 380 километри, што е наменет за возење на долги патеки. Покрај тоа, групата за своја цел си постави во 2016 година со него да тргне на пат околу светот за 80 дена.

Нивниот мотоцикл може да се пофали со иновативен модуларен пакет батерии, што на возачите им овозможува да ги заменат за неколку минути. На крајните релации може се користи само еден дел од пакетот батерии за мотоциклот да биде полесен и подобар за управување.

Пневматиците за овој мотоцикл, што уште го нарекуваат и „Тесла меѓу мотоциклите“, екипата на „Сторм Ајндховен“ ги избра врз основа на резултатите од тестовите. Се одлучиле за најновите пневматици „Dunlop RoadSmart III“, заради нивната издржливост.

А токму издржливоста е од најголема важност за проектот со кој ќе бидат опфатени 26.000 километри возење по најтешки патишта низ Европа, Азија и Северна Америка.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ