Блер ја турнал Велика Британија во војна во Ирак врз основа на погрешни разузнавачки информации

Од:

Комисијата која вршеше истрага за учеството на Велика Британија во војната во Ирак ги соопшти денеска деталите во извештај во кој се упатуваат остри критики кон поранешниот премиер Тони Блер и неговата влада.

Според нив, тој ја внел држават во конфликтот врз основа на погрешни разузнавачки информации. Во извештајот се вели дека Британија станала дел од коалицијата со САД во Ирак во 2003 година без пред тоа да бидат исцрпени сите можности.

Според истрагата, правната основа за акција била незадоволителна, а планирањето било целосно неадекватно.

– Сега е јасно дека политиката за Ирак била разработена врз основа на недостатоци од разузнавачките информации и анализи. Тие не биле оспорени, а требало да бидат, изјави шефот на Комисијата Џон Чилкот при претставувањерто на извештајот објавен седум години по почетокто на истрагата.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска