Демократскиот сојуз смета дека во разговорите со Хајндл и Нуланд треба да се инсистира на одржување на парламентарните избори во октомври или почетокот на ноември, како извонредна можност за промени и почеток на стабилизација на состојбите.
Очекувањата дека власта ќе спроведе реформи за создавање услови за фер, демократски и кредибилни избори се тотално промашување. Исходот е санкции спрема Македонија и “лет во место”.
Стратегијата на развлекување и ништо суштинско да не се менува, разорување на институциите, прекумерно задолжување и продолжување со расипничко трошење на парите на граѓаните, се карактеристика на изминатиот период од последните две години.
Демократскиот сојуз инсистира на формирање на Експертска влада која ќе спроведе реформи и ги организира изборите. Сите други калкулации значат продолжување на агонијата и губење на време преку јалови дискусии на средбите помеѓу четирите партии без мандат од граѓаните.
Граѓаните секојдневно прашуваат ќе се промени ли нешто на подобро? Одговорот е’ тоа зависи од сите нас, но промените се императив, посочуваат од Демократскиот сојуз.