Мареј и Цонга во четвртфиналето на Вимблдон

Од:

Енди Мареј и Жо-Вилфред Цонга ќе играат во четвртфиналето на третиот овогодишен Грен слем турнир Вимблдон.

Второрангираниот на АТП листата Енди Мареј во меч од 4.коло експресно во три сета го победи Австралиецот Ник Кирјос. Противникот на Британецот во четвртфиналето Жо-Вилфред Цонга од Франција место меѓу осумте најдобри обезбеди откако неговиот сонародник Ришар Гаске го предаде мечот уште во првиот сет при резултат 4:2 во гемови за Цонга.

Другите познати два четвртфинални пара ги сочинуваат, Роџер Федерер (Швајцарија) – Марин Чилиќ (Хрватска) и Милош Раониќ (Канада) – Сем Квери (САД).

За комплетирање на четвртфиналните двојки во машка конкуренција останува денеска да се одигра уште чешкиот дуел од 4.коло Томаш Бердих – Јири Весели, по што победникот за пласман во полуфиналето ќе се бори со Лукас Пулие од Франција.

Во женска конкуренција, двојките за четвртфиналето се:

Серена Вилијамс (САД) – Анастасија Павличенкова (Русија),

Симона Халеп (Романија) – Анџелика Кербер (Германија),

Венус Вилијамс (САД) – Јарослава Шведова (Казахстан) и

Доминика Цибулкова (Словачка) – Елена Веснина (Русија).

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ