Ново списание наменето за противниците на Брегзит

Од:

Во Велика Британија оваа недела ќе почне да излегува ново списание наменето за гласачите кои на референдумот на 23 јуни гласаа за останување на земјата во ЕУ.

Неделникот „Нов Европеец“, кој ќе чини две фунти и ќе се издава ограничено време, е наменет за луѓето кои по референдумот имаат чувство на губиток, наведува издавачката куќа „Арчант“.

Списанието ќе се најде во продажба в петок, како и следните три недели, главно на подрачјата каде мнозинството гласачи по поддржаа останувањето на Британија во ЕУ, како на пример Лондон, Ливерпул и Манчестер.

Натамошното печатење на неделникот зависи од тоа како ќе се продава, а издавачот наведува дека по секој четврти број „секоја нова недела ќе претставува некој вид референдум за издавање на новиот број“.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство