Познатата лондонска адвокатска фирма Мишкон де Реја, соопшти дека може да покрене постапка пред суд со која би се обезбедило за излегување или останување на Британија во ЕУ да се гласа во британскиот парламент.
Таа адвокатска канцеларија потсетува дека референдумот не е законска обврска.
Во соопштение на Мишкон де Реја која застапува анонимни клиенти, наведува дека парламентот мора да се изјасни за идејата за брегзит пред премеирот на Британија да го активира Членот 50 од Лисабонскиот договор со што официјално се покренува процес за излегување од Унијата.