Албански државјани нападнале полицајци во Охрид

Од:

Две лица од Подградец, Албанија, ноќеска се лишени од слобода поради нарушување на јавниот ред и мир и напад на полициски службеници во Охрид.

Како што соопшти МВР, во кафе барот „Ликвид“ на ул.„Коста Абраш“ во Охрид, ноќеска во 01:45 часот по претходно пријавен нарушен јавен ред и мир, полициски службеници од Полициската станица Охрид забележале две лица кои биле под дејство на алкохол и се однесувале агресивно.

На барање на полициските службеници да се легитимираат лицата одбиле, а во еден момент и физички ги нападнале, по што полицисиските службеници врз нив употребиле средства за присилба – физичка сила, гумена палка и врзување со лисици.

Станува збор за лицата М.М.(29) и М.Р.(25), двајцата од Подградец, Албанија.

На полицисиските службеници им била укажана лекарска помош при што се констатирани гребаници по телото, а кај странските државјани не се констатирани повреди. Лицата се задржани во Полициската станица Охрид за понатамошна постапка.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина