Турнбул е Камерон на јужната хемисфера, според австралиската опозиција

Од:

Австралиската опозициска Лабуристичка партија го повика денеска премиерот да поднесе оставка, нарекувајќи го „Дејвид Камерон на јужната хемисфера“, откако не му успеа да освои убедливо мнозинство на предвремените избори. 

Милионерот и некогашен банкар Турнбул ги распиша предвремените избори одржани во саботата, но неговата Либерално национална партија не успеа да освои доволно гласови за да формира Влада. 

Турнбул вели дека ниту лидерот на опозицијата Бил Шортен не успеал да освои 76 места во 150-члениот Претставнички дом, колку што е потребно за мнозинство. 

– Ова е фарса, јасно е дека Турнбул не знаел што прави. Искрено мислам дека тој треба да поднесе оставка, рече денеска Шортен и додаде дека Турнбул ги „распишал изборите заради стабилност, а нацијата во вовлекол во нестабилност“.

Лидерот на лабуристите изјави дека Турнбул „самиот себе си се брегзитирал“, како и дека премиерот е „Дејвид Камерон на јужната хемисфера“.

Се уште не се преброени гласовите од изборите одржани в саботата, така што се уште е неизвесно кому ќе му појде од рака да состави влада во Австралија.

Изборите, кои требаа да подвлечат линија на годините на политичка несигурност, во текот на кои во три години се сменија четворица премиери, наместо тоа донесоа вакуум во власта во Канбера и ги поттикнаа приказните за неизвесноста околу останувањето на Турнбул на чело на Либералната партија, помалку од една година откако на таа позиција го замени дотогашниот премиер Тони Абот. 

Турнбул се одлучи на распишување предвремени избори, кои инаку редовно беа предвидени за 2017 година, за да обезбеди мнозинство во Сенатот, горниот Дом на Парламентот, во кој досега рамнотежата на силите зависеше од независни пратеници или претставници на помалите партии, кои блокираа некои од реформите.
Околу 15,4 милиони избирачи имаа право на глас на изборите за 150-членови на Претставничкиот дом и 76 сенатори.

Би можело да ве интересира

Барние: Британија отфрла секакво одложување на Брегзит

Ана Ололовска

Почнува клучната фаза од преговорите за Брегзит

Ана Ололовска

Зајберт: Меркел и Џонсон набрзо ќе разговараат за Брегзит

А1он

Шкотска е подготвена да поддржи секого кој е против Брегзит

А1он

Нема судење за Џонсон поради „лажењето за Брегзит“

А1он

Хамонд: Брегзит-от без договор ќе биде спречен

А1он