Канада ја проучува можноста за впишување на неопределен пол во личните карти, изјави премиерот Џастин Трудо, цитиран од британските медиуми.
Трудо, кој се вклучи на геј парадата во Торонто, за телевизијата Си-Пи 24 изјави дека Владата го проучува „најдобриот начин“ и ги изучува другите правни пракси, но не даде повеќе детали за темата.
Тој е првиот канадски премиер кој учествува на геј парада.
Канадската провинција Онтарио пред извесно време соопшти дека ќе дозволи впишување на трет пол – „икс“ во возачките дозволи.
Некои земји, меѓу кои Австралија, Нов Зеланд и Непал, дозволуваат впишување на полот „икс“.