Фицо: Британските политичари ќе го почитуваат гласањето за Брегзит

Од:

Словачкиот премиер Роберт Фицо мисли дека британските политичари не би дозволиле да не го почитуваат резултатот од референдумот за излез на Велика Британија од ЕУ, јави дописникот на МИА.

-Не можеме да замислиме дека сето тоа може некако да запре. Теоретски тоа е можно, но вистината е таква, дека не можам да претпоставам дека британските политичари би оделе против одлуката на референдумот, рече Фицо во интервју за Чешката државна телевизија.

Британците на референдум изгласаа напуштање на ЕУ, но одлуката треба да ја потврди и Парламентот.
Според словачкиот премиер, на Велика Британија и останува официјално да ја потврди одлуката и да ги соопшти условите.

Фицо подвлече и дека треба да се отфрли предлогот на претседателот на Европската комисија (ЕК) Жан-Клод Јункер за воведување миграциски квоти и казни за земјите кои ќе одбијат да примат бегалци.
– Речиси сум сигурен дека нема да дојде до гласање за таков предлог, рече Фицо.

Би можело да ве интересира

Барние: Британија отфрла секакво одложување на Брегзит

Ана Ололовска

Почнува клучната фаза од преговорите за Брегзит

Ана Ололовска

Зајберт: Меркел и Џонсон набрзо ќе разговараат за Брегзит

А1он

Шкотска е подготвена да поддржи секого кој е против Брегзит

А1он

Нема судење за Џонсон поради „лажењето за Брегзит“

А1он

Хамонд: Брегзит-от без договор ќе биде спречен

А1он