По 37 години, жителите од “Бигла“ нема да газат во кал и да голтаат прашина

Од:

Во далечната 1979 година, граѓани од улицата „Бигла“, која се наоѓа на Водно, пишуваат писмо до Социјалистичкиот сојуз на работниот народ на општина „Центар“, во кое бараат нивната улица да се асфалтира за да не голтаат прашина и среде Скопје да не газат во кал, информираат од општина Центар.

За нивниот проблем сите досегашни раководства на општина Центар немале слух, па затоа улицата, која се наоѓа спроти Клинички центар, и сега е во истата состојба. Нема ниту канализациона и водоводна мрежа.

„ Никој не дошол да не види и праша како живееме. Последен што од тука поминал е другарот Тито“, му рекоа жителите на улицата „Бигла“ на градоначалникот Андреј Жерновски, кој со своите соработници беше на средба со граѓаните на овој дел на општина Центар.

Тие беа изненадени од посетата, интересот и ветувањето за решавање на нивниот проблем. Се пожалија дека сите околни улици се бетонирани, освен нивната улица.

„Не смееме ние, кои сме избрани од вас – граѓаните, да дозволиме, не само во Центар, туку и во сите општини, да газите во кал или колите да ги оштетите во дупките на улицата. А за безбедноста на возачите и пешаците и да не збориме. Затоа мошне скоро ќе започнеме со асфалтирање на улицата и истата ќе биде завршена за неполни 2 месеца. Доколку сакате да ви поставиме и нова водоводна и канализациона мрежа, целиот зафат ќе заврши до крајот на годината“, рече Жерновски.

Сега е на граѓаните да одлучат за каков зафат се заинтересирани. Во секој случај, нивниот повеќе децениски проблем и неуспешен обид локалната власт да им помогне за овој горлив проблем, наскоро ќе биде решен, соопштуваат од Центар.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски