ВМРО-ДПМНЕ: Заев е крив за кратењето на ИПА фондовите

Од:

Политичката криза во која што Зоран Заев ја втурна Република Македонија, придонесува за одлуки кои се на штета на граѓаните. Тоа е целта на тие кои посакуваат проблеми во Македонија, а бегаат од демократско соочување со народот на избори, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ го смета како сопствен успех секое евентуално намалување на европските фондови, поради кризата која ја креира. Исто како што се исполнува со среќа доколку не се случи инвестиција во Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ ќе опстои на реализација на проектите од својата програма, како што тоа до сега сме го правеле. Ќе работиме на отстранување на сите пречки за поголема абсорпција на средства од ЕУ.

Како партија која е секогаш на страна на народот, ќе се залагаме за развој на Македонија и остварување на нашите стратешки цели. На овој пат ќе соработуваме со сите европски институции за поголема абсорпција и ефикасност на ЕУ фондови. Граѓаните најдобро знаат кој се бори да донесе инвестиција или проект повеќе во Македонија. Народот знае и кој го мери сопствениот успех преку зголемување на проблемите за државата. Затоа СДСМ бега од избори бидејќи граѓаните немаа дилеми кому ќе ја дадат довербата“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито

(ВИДЕО) Кузманоска: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја доведе економијата до раст од 4,3 отсто

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на Венко Филипче шири лаги и хистерија

Горан Наумовски

Филипче го слави системот што го спаси од обвинение, велат од ВМРО-ДПМНЕ