Алијанса за позитивна Македонија бара оставка од Чавков

Од:

Алијансата за позитивна Македонија е сериозно загрижена со актуелната состојба во Македонија, особено после настаните поврзани со изборите за Студенскиот парламент при УКИМ, и незаконското и прекумерното инволвирање на ЕБР при МВР.

Недозволиво е за една земја која претендира да биде либерална и демократска и да биде членка на ЕУ, за дозволи во процесот при гласање во една студенска академска организација, да се инволвираат лица кои не припаѓаат на академската заедница, се препознатливи како истурени активисти на владаечката партија, и за нивните незаконски активности да бидат поддржани од МВР, што со сила ги растуриле вистинските студенти во нивните протести за правда и легитимен студенски парламент.

Поради ваквото однесување на МВР, како и последните изјави на претседателот на Републиката дека размислува да ја инволвира АРМ во решавањето на политичката криза во Македонија, Алијансата за позитивна Македонија стравува дека Македонија „запливува“ во води карактеристични за режими каде што се воспоставувале диктаторски режими и хунти!

АПМ го повикува министерот за внатрешни работи Митко Чавков веднаш да поднесе оставка, а четирите политички партии да го вратат во сила Пржинскиот договор и да се договори датум за избори на есен оваа година, реагираат од Алијансата за позитивна Македонија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Опасни дупки зјаат во новиот парк Ибни Пајко

Татјана Ташкова

Елисафет Скуфа пред ПССЕ: По ратификацијата на Преспанскиот договор имаше изливи на „говор и акти на омраза“

Татјана Ташкова

Алијанса за позитивна Македонија со целосна поддршка на кандидатите за градоначалници на коалицијата предводена од СДСМ

Ана Ололовска