Тајванската воена морнарица соопшти дека по грешка била лансирана една суперсонична, противморнаричка ракета кон НР Кина, но дека ракетата погодила рибарски брод.
Во инцидентот едно лице е убиено, додека три други се повредени.
Рибарскиот брод бил во реонот на островот Пенгу.
Во соопштение на тајванските воени власти се вели дека загинал капетанот на рибарскиот брод.
Ракетата била со дострел од 300 километри.
Грешката со лансирањето на ракетата се случила во време на одржување на воена вежба, додека еден патролен брод бил во инспекција, во реонот на Каосијунг.
Воените аналитичари во Тајпеј забележуваат дека „стотици ракети“ се насочени кон Кина и од таму кон островот што властите во Пекинг го сметаат за отцепен дел од својата територија,
Според тајванските воени власти, Кина била известена за случајот, но останува нејасно дали информнацијата за тоа била директно испратена од Тајпеј кон Пекинг, или преку посредник.